Романија ја надигра Србија, Франција подобра од Германија

Репрезентацијата на Романија, која е еден од ривалите на Македонија на ЕП во ноември, на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Бистрица оствари убедлива победа против Србија со 26:20.

По вчерашното реми со Австрија, денес избраничките на Адриан Василе одиграа далеку подобро против составот на Урош Брегар, со што покажаа  дека се наоѓаат во добра форма пред стартот на континенталниот собир.

На денешниот втор натпревар од меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ селекцијата на Шпанија не дозволи изненадување и запиша победа против Австрија со 32:27.

Контролни дуели одиграа Словачка и Украина, како и Германија и Франција, која што исто така е ривал на Македонија на ЕП. Украина славеше минимално во дуелот со Словачка 30:29, додека Франција беше поуспешна од Германија со 34:31.