На турнирот во Букурешт во утрешното финале репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Романија која денеска во второто полуфинале славеше против Холандија со 27:25.
Романците имаа тешка средба во која мораа во завршницата да се борат за триумф бидејќи до последните моменти не се знаеше кој ќе биде победник. Холанѓаните кои се можен противник на Македонија за вториот круг на Европското првенство имаа предност после првиот дел со 13:11.
На почетокот на вториот дел Романците израмнија, а потоа Холанѓаните пак беа во водство. Сепак, во завршницата од средбата составот на Романија успеа да поведе и да дојде до победа од 27:25. Со тоа во утрешното финале Романците ќе се соочат со Македонија од 17:15 часот, додека претходно во дуелот за 3. место Алжир ќе игра против Холандија.