Романија означи крај – нема шампиони, но за Европа важат резултатите до прекинот!

Романската ракометна федерација по низа преговори, разговори, воведување нови критериуми за продолжување на првенството во јуни и јули, сепак донесе поинаква одлука.

Како и многу федерации претходно, така и Романците решија да стават крај, откако денеска бордот на директори ја изгласа оваа одлука. Шампиони нема да има ниту во машка ниту во женска конкуренција.

Распределбата на места во Европа ќе биде по сегашниот ранкинг на првенствата, односно во моментот на прекинот.

Тоа значи дека Динамо Букурешт и Потаиса Турда кај мажите ќе бидат дел од Лигата на Европа, а Баја Маре и Констанца ќе играат во ЕХФ Купот, иако останува можноста Динамо да добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

Кај жените, Валчеа ќе се пласира директно во Лигата на шампионите, додека ЧСМ Букурешт, Баја Маре и Глорија Бузау ќе бидат дел од Лигата на Европа. Скоро сигурно е дека ЧСМ ќе побара и ќе добие вајлд-карта за ЛШ.