Романија без една од ѕвездите на ЕП во Македонија!

Една од најдобрите романски ракометарки покрај Кристина Неагу, средниот бек Кристина Ласло, нема да игра на ЕП што почнува за петнаесетина дена.

Членката на Глорија Бистрица и најдобар стрелец на Романија на последното СП 2021 година во Шпанија, има проблеми со левото колено.

Таа се уште чека мислења од повеќе доктори и конечна дијагноза, па ќе биде познато дали ќе биде неопходна операција или закрепувањето од повредата ќе може да се биде само со мирување.

Селекторот Флореннтин Пера ги има на располагање Замфиреску, Бучечи, Попа и Приставита на средната бековска позиција, па отсуството на Ласло нема да биде преголем проблем.

Покрај Холандија и Франција, Романија е еден од ривалите на Македонија на претстојното ЕП во Скопје, а мечот ќе биде одигран на 9 ноември од 18:00 часот.