Селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, го објави конечниот список на ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Нема изненадувања во изборот на Рогановиќ, главно тоа се познати имиња што и досега беа основата на националниот тим, а има само еден дебитант Александар Бакиќ од тимот на Комови.
Интересно е што Рогановиќ се реши на континенталниот собир да носи три десни бекови – Бранко Вујовиќ, Стефан Чавор и Владан Липовина.
На списокот ги нема членовите на Бутел Скопје и Охрид, Мирко Мајиќ и Јагош Брауновиќ, додека место на ЕП ќе има за десното крило на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.
Црна Гора ќе игра во групата А во Грац, заедно со селекциите на Хрватска, Белорусија и Србија.