Со сигурна игра од почетокот на средбата и држењето на ритамот до крајот ракометарите на РК Алушовски дојдоа до третата победа во деби сезоната од Првата машка лига надигрувајќи го Куманово со 29:24.
Тимот на РК Алушовски ги запре кумановци за кои овие бодови беа максимално потребни во битката за пласман во плеј-офот. Имаа тешка средба во која мораа да дадат максимум, но на почетокот на вториот дел успеаја да го решат победникот.
Откако после завршувањето на првото полувреме тимот на РК Алушовски имаше предност од 11:8, на стартот на вторите 30 минути работите станаа далеку подобри. Ракометарите од Скопје тргнаа посилно и рано направија предност од седум гола и водеа со 21:14 така што оваа позитива им ја олесни задачата и до крајот на средбата беа во сигурно водство.
Ракометарите на РК Алушовски немаа поголеми проблеми да ја зачуваат предноста, па на крајот се радуваа на нови три бода.
РК АЛУШОВСКИ – МРК КУМАНОВО 29:24 (11:8)
Сала: „Форца“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
РК АЛУШОВСКИ: Павловски, Ивановски, Деспотовски, Абдулкарим 2, Па. Атанасијевиќ 7, Пе. Атанасијевиќ 9, Донев 1, Крстевски, Рачевски 4, Стерјев 2, Андонов 1, Хазир, Петровски, Мартиновски, Белистојановски 3, Пановски.
Седмерци: 3/6, Исклучувања: 8 мин.
МРК КУМАНОВО: Кимевски, Клековски 1, Кумановски, Денковски 8, Цветковски 5, Димитријевски, Ивановски, Ацевски 2, Стошиќ, Стојмановски 1, Миладиновски 3, Даневски, Спасиќ 2, Димитров 2, Божиновски.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.