Со натпреварот кој утре од 12 часот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ стартува ракометната приказна на РК Алкалоид кој ќе игра против екипата на Металург РА. Ова ќе биде деби за тимот на Алкалоид во кој има главно млади ракометари кои се дел од младинската и кадетската репрезентација.
Алкалоид стартува од Првата машка лига која годинава ќе биде исклучително силна бидејќи неколку тимови конкурираат за место во пле-офот, а за таа цел во своите состави имаат играчи кои имаат и суперлигашко искуство.
Веќе е познато дека тренер на тимот е селекторот на женските репрезентации Љубомир Савевски, додека во стручниот штаб ги има Билјана Црвенкоска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески и Петар Баснарков.
Боите на Алкалоид сезонава ќе ги бранат:
ГОЛМАНИ: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски
БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески
КРИЛА: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски
ПИВОТИ: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски