Македонскиот шампион Вардар го победи Загреб со 20-19 во драматичен натпревар и скокна на петтото место на табелата во Лигата на шампионите.
Голманот Борко Ристовски смета дека иако Вардар не играл според договореното, сепак најважна е победата на крајот.
„Ова не беше квалитетен, но неизвесен натпревар кој донесе други квалитети освен ракометните – борба, пожртвуваност. Ако гледаме реално, можеби бодот ќе беше најреален, но во спортот не секогаш победува подобриот на терен. Ние бевме спремни за овој дуел, но цела екипа беше нервозна не знам зошто, можеби поради притисикот. Но како и да е, ние сме среќни со оваа победа, од натпревар во натпревар играме подобро. Секогаш е добро да победувате, дури и кога не играте добро. Ако играме лошо, а победувате, тогаш имате уште простор за напредок“, вели Ристовски.
Следен предизвик за вардарци ќе биде незгодното гостување кај белорускиот првак Мешков Брест, кој веќе нема шанси за место во осминафиналето.