Ристовски: Ривалот не е атрактивен, ама ние сакаме победнички старт

Тимот на Вардар утре го очекува првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната од регионалната СЕХА лига.

Противник е српскиот првак Војводина, а голманот Борко Ристовски посакува победнички старт на годината.

„Нè очекува почетокот на вториот дел од натпреварувачката сезона, натпревар против Војводина од СЕХА лигата. Не толку атрактивен, не толку привлечен за јавноста, но за нас доста важен, затоа што сакаме да стартуваме со победа, без разлика против кого и да играме. Со оглед и на ситуацијата со коронавирусот и на отсуството на репрезентативците на Светското првенство бевме некомплетни сè до еден ден пред мечот со Војводина. Мораме да бидеме претпазливи, затоа што иако не се работи за некој сериозен противник, ние мораме сериозно да пристапиме. И да почнеме веќе и на вториот натпревар да фатиме континуитет на позитивни игри и резултати, па да пробаме во февруари кој е пеколно тежок за нас да извлечеме што е можно повеќе бодови во Лигата на шампионите, но и во СЕХА лигата“, вели Рисотвски.

Натпреварот меѓу Вардар и Војводина се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот.