Некогашниот македонски репрезентативен голман Борко Ристовски, по завршувањето на кариерата остана во ракометот, но сега има поинаква улога.
Легендарниот чувар на мрежата сега е извршен директор на Вардар, и одлично се снаоѓа на новата функција.
Вардар игра можеби над очекувањата на стартот на сезоната, а пред дербито со Еурофарм Пелистер кое се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“, Ристовски во интервју за клупскиот сајт ги сподели очекувањата.
„Ќе биде ова за нас трет таков меч со таква важност сезонава. Ние на секој меч сакаме да го всадиме тој победнички менталитет, да поставиме императив дека треба да се победи, ние зад себе имаме победничка лоза, имаме двоцифрен број на титули и куп трофеи во Македонија, пет во СЕХА лигата, и сме двоен европски шампион. Играчите го прифатија тој преидзвик, ги освоивме двата трофеи. Ни останува да им дадеме секаква помош и поддршка, иако се млади, и некои не играле во македонското првенство, пред ваква публика со ваков набој, ние сме тука да им дадеме и мотив, и затоа размислуваме и за тоа како судите ја делеа правдата, барем на првите натпревари. Но, сакам да им порачам на сите во македонскиот ракомет, дека нема да дозволиме да се играат било какви игри околу Вардар и да се планира нешто. Ќе инсистираме да има фер-плеј и на самиот терен да се покаже кој колку има квалитет, потенцира Ристовски.
Вардар го освои Супер Куп трофејот со победата над битолчани во Струмица, а претходно го освои и Струшкиот турнир. По елиминацијата од Лигата на Европа, вардарци ќе се посветат само на домашните обврски.