Ристовски најдобар кога најмногу треба – со двојна одбрана спречи изненадување (ВИДЕО)

Составот на Вардар стигна до втората победа во СЕХА лигата во само неколку дена откако денеска го совлада Нексе со 27:26. Во последната минута, гостите имаа шанса да се изборат за реми, но во тоа ги спречи голманот Борко Ристовски. Тој на два пати едноподруго му одбрани зицер на Јанко Кевиќ од шест метри и го одлучи победникот. Ристовски собра седум интервенции, но двете беа во клучниот момент. Погледнете...