Двете нови засилувања за европскиот шампион Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски, го имаа првиот тренинг со новите соиграчи.
Како што најави тренерот Стевче Алушовски по натпреварот со Монпелје, тие двајца од денеска ќе бидат дел од „црвено-црното“ семејство.
Двајцата ќе бидат од голема помош за Вардар, кој во следниот период го очекуваат предизвици во Лигата на шампионите, односно натпревари против унгарскиот ПИК Сегед.
Претходно вардарци ќе имаат двомеч со хрватскиот Нексе Нашице, од четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, по што ќе биде познато дали ќе играат на завршниот турнир во Задар.