Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот на Македонија со триумфот над Еурофарм Пелистер со 26-25.
По крајот на мечот беа прогласени и најдобрите поединци на Ф4 турнирот што се играше во СРЦ „Билјанини Извори“, а вардарци ги собра сите награди.
За најдобар голман беше прогласен Борко Ристовски, а најдобар стрелец е Дејан Манасков.
МВП или најкорисен играч на турнирот е бразилскиот бек Леонардо Дутра Фереира, кој имаше одлична партија во финалето.
Куп трофејот останува „црвено-црн“, Вардар најде лек за Еурофарм Пелистер!