Ракометарите на Вардар со победата над Еурофарм Пелистер од 26:25 го одбранија Куп трофејот.
Еден од најзаслужните за одбраната на Куп трофејот беше искусниот Борко Ристовски.
Голманот во финишот од драматичното финале фати неколку зицери и ги откажа битолчани во походот за евентуално реми.
,,Одигравме навистина квалитетен натпревар, можам да кажам дека после поразот од Битола беше многу тешко екипата да се подигне и да одигра два квалитетни натпревари, најпрво со Алкалоид во полуфиналето, и потоа со Еурофарм Пелистер во финалето, тоа го можат само големите и квалитетни екипи. Бевме подготвени за двата натпревари, и тактички и физички го издржавме притисокот, морам да кажам дека сум горд на овие момци, бидејќи покрај сите проблеми и притисоци, ние покажавме дека имаме срце и победнички дух”, изјави Ристовски.
Поранешниот репрезентативец на Македонија беше избран за најдобар голман на Ф4 турнирот.
Следен предизвик за Вардар е дуелот против Тиквеш во рамки од претпоследното коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Куп трофејот останува „црвено-црн“, Вардар најде лек за Еурофарм Пелистер!