Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со нејзината екипа ЦСКА Москва остварија важна победа против Лада Тољати со резултат од пет гола разлика, 33:28.
Македонката одигра стандардно во дресот на ЦСКА и беше меѓу најефикасните стрелци во нејзината екипа со четири гола. Прв стрелец во победничкиот тим беше Елена Михајличенко со шест гола. Екс ракометарката на Вардар, Олга Фомина постигна три гола за екипата на Лада.
Натпреварот против ривалот од Тољати беше силна проверка за избраничките на Флорентин Пера за дуелот во рамките од Лигата на шампионите против актуелниот првак, Вајперс Кристијансад.
Ристовска и колешките остануваат со големи шанси за освојување на шампионската титула во Русија, како и повторување на минатиот успех од Лигата на шампионите.