Ристовска перфектна, ЦСКА руши рекорди

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска запиша прва победа во плеј-офот од рускиот шампионат и ја зголеми победничката серија на 25 меча без пораз.

ЦСКА Москва на домашен терен беше подобра од Динамо Синара и славеше убедливо со девет гола, 29-20.

Македонската репрезентативка беше најдобра на теренот и за 40 минути игра успеа да постигне пет гола од пет обиди.

ЦСКА Москва сега има 25 победи на 25 меча оваа сезона и се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула во Русија.