Тимот на ЦСКА Москва каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, прослави втор триумф во рускиот шампионат.
ЦСКА Москва славеше на незгодното гостување во Волгоград кај составот на Динамо Синара со 12 гола разлика, 33-21.
Ристовска беше најдобар стрелец на теренот иако го одигра само првото полувреме. Таа постигна шест гола од шест обиди во мрежата на домашните.
ЦСКА Москва претходно славеше кај Астраханочка во првенството, а триумфираше и против Ростов Дон во рускиот Суперкуп.