Ракометарките на ЦСКА Москва во првиот натпревар од финалето во плеј-оф фазата во рускиот шампионат беа поразени на гостувањето кај Ростон Дон, со резултат 27:22.
Составот на Ростов Дон уште од самиот почетокот ја имаше контролата на терен, на полувреме замина со плус четири гола предност, 11:7, додека во вториот дел, московската екипа никако не можеше да им парира на расположените домаќинки.
Победничката екипа беше предводена од Ана Вјахирева, која беше најефикасна на натпреварот со десет погодоци. Во таборот на ЦСКА Москва најефикасни беа Елена Михаиличенко и Дарија Дмитриева со по четири погодоци, додека репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, двапати се запиша во листата на стрелци.
Вториот финален натпревар ќе се одигра на 29 мај во Москва. Избраничките на Флорентин Пера ќе треба да дадат сѐ од себе доколку посакуваат да ја одбранат титулата.