Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, славеше убедлива победа над Астраханочка во полуфиналето на рускиот Куп.
ЦСКА Москва која е домаќин на завршниот турнир во салата „Игровој“, триумфираше со 23-30.
На десно крило поголема минутажа доби Марина Судакова, додека Ристовска играше петнаесетина минути и не погоди во единствениот обид кон противничкиот гол.
Противник на ЦСКА Москва во финалето ќе биде составот на Ростов Дон, кој во полуфиналето го победи Кубан со 37-25.