Тимот на ЦСКА Москва ја забележа 35 победа во рускиот шампионат и се загреа за последниот дуел од регуларниот дел на сезоната против Ростов Дон.
Сара Ристовска и нејзините колешки остварија лесен триумф на гостувањето кај Астраханочка со 37-28.
Ристовска го одигра целото второ полувреме во Астрахан и успеа да постигне два гола од три обиди.
ЦСКА Москва сега има 35 победи на 35 меча, а по максимум во сезоната ќе оди следниот петок кога ќе го пречека Ростов Дон во последниот дуел од регуларниот дел пред стартот на плеј-офот.