ЦСКА Москва во домашниот шампионат славеше убедлива победа против Звезда Звенигород со резултат 31:25. Екипата на Звезда е директен конкурент на ЦСКА Москва за втората позиција.
Избраничките на Јан Лесли уште од самиот почеток беа доминантни на теренот. На полувреме резултатот беше 17:11 за домашната екипа.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска на овој натпревар постигна три погодоци. Најефикасни во победничкиот тим беа Ведехина Полина и Скоробогатченко Антонина со по пет погодоци.
Ова беше 14 победа за екипата од Москва во домашниот шампионат. На табелата ЦСКА Москва е на второто место со 28 бодови. Следен предизвик за Сара Ристовска и нејзините колешки ќе биде гостувањето во Унгарија против Ѓер на 13 февруари во рамките од Лигата на шампионите.