Maкедонската ракометарка Сара Ристовска и ЦСКА Москва го обезбедија пласманот во финалето на Купот на Русија откако забележаа убедлива победа против Звезда со 23:35.
Домаќините добро започна поведоа со 3:0, но тие почетни минути беа и нивниот најдобар период на натпреварот, се во продолжение помина во знакот на ЦСКА Москва. Откако гостите го преземаа водството констатно одржуваа висока разлика која во еден момент изнесуваше и највисоки „плус 13“.
Ристовска на теренот помина нешто помалку од половина час и постигна еден гол од три обиди. Во финалето ЦСКА ќе игра против подобриот од второто полуфинале помеѓу Ростов и Краснодар.