Екипата на Ростов Дон успеа да го добие дерби натпреварот против ЦСКА Москва во руската престолнина со 27:21 во рамките од шампионатот на Русија во Групата А. Со победата над ЦСКА Москва, Ростов Дон моментално го задржа лидерското место во својата група.
Избраничките на Флорентин Пера одиграа под своето ниво, особено во второто полувреме кога пропуштија неколку шанси за кам-бек на натпреварот.
Ракометарките на Ростов Дон на полувреме имаа предност од два разлика, 15:13. Иако во вториот дел не постигнаа гол цели десет минути, во последниот дел речиси ги казнија сите грешки на домашната екипа и успеаја да дојдат до важна победа.
Македонската репрезентативка, Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва постигна два гола, додека нејзината колешка, Полина Горшкова беше најефикасна на натпреварот со седум гола. Во составот на Ростов Дон прв стрелец беше Ана Сен со шест погодоци.
Во вториот натпревар од Групата А, Лада Тољати за нијанса беше подобра од Астраханочка со 26:24. Поранешната ракометарка на Вардар, Олга Фомина беше предводник во победничката екипа со девет гола. Без победник заврши натпреварот помеѓу екипите на Краснодар и Звездa Звенигород, 31:31.