Ракометарките на ЦСКА Москва го користат слободното време за да го кренат тимскиот дух и да можат во што е можно подобра атмосфера да ги дочекаат следните натпревари.
Тие посетија лизгалиште на кое се играат натпревари во карлинг и се покажаа како доста вешти во оваа игра каде што се користат четки за метење така што се покажаа и во улога на домаќинки.
Дефинитивно интересен начин за кревање на тимскиот дух и добивање на поголема самодоверба.
Инаку, на 3 септември ги очекува дуел против Ростов Дон и тоа на гостински терен.