Ристовска и колешките од ЦСКА Москва доброволно се откажаа од третина од платите

Ракометарките на рускиот тим ЦСКА Москва, меѓу кои е и македонската репрезентативка Сара Ристовска, ќе му помогнат на клубот во време кога се шири коронавирусот.

Тие доброволно се откажаа од третина од нивните плати за месеците април, мај и јуни, а оваа информација на медиумите ја пренесе капитенот Дарија Дмитриева.

„Девојките што останаа во тимот, едвај успеаја да тренираат една седмица, по што беа прекинати сите активности и заминавме во самоизолација. Освен тоа, нашиот тим, како и многу спортски колективи во светот, донесе одлука да се откаже од третина од своите плати. Сега најважно е здравјето наше и на околината“, вели Дмитриева за рускиот „Брз Центар“.

Рускиот шампионат е во прекин, а во женска конкуренција треба да се одиграат натпреварите од плеј-офот. ЦСКА Москва за ривал го има Кубан Краснодар.