ЦСКА Москва продолжува со победите во рускиот шампионат, па по триумфот над големиот ривал Ростов Дон, славеше на уште едно гостување.
Тимот на македонската репрезентативка Сара Ристовска победи кај Ставропол со 37-27, откако победникот го реши уште по првиот дел кога водеше со 21-13.
Ристовска одигра едно полувреме на овој натпревар и успеа шест пати да погоди од шест обиди, а со тоа стана најдобар стрелец.
ЦСКА Москва сега има 18 победи на 18 натпревари, а до крајот на годината ја очекуваат уште два меча на гости кај Кубан Краснодар и АГУ Адиф.