Ристовска е лидерот на Македонија – стана најдобар стрелец во квалификациите за СП (ФОТО)

Женската репрезентација на Македонија со трите победи на јужниот сосед, Литванија и Исланд, обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Најдобар стрелец во нашата репрезентација и воопшто во сите квалификациски групи беше десното крило Сара Ристовска.

Десното крило на ЦСКА Москва постигна 29 погодоци на трите натпревари – 11 против Исланд, 8 против Литванија и 10 против Грција на последниот натпревар.

На второто место се најде украинската репрезентативка Лесиа Смолинг со 23 гола, додека третото место го делат Австријката Реихерт и Израелката Вакрат со по 19 погодоци.