Ристовска го наполни голот на Кубан, ЦСКА Москва со убедлив триумф

Тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, со триумф ја затвори 2021 година.

ЦСКА славеше на гостински терен во Краснодар со убедливи 33-27, а десното крило беше меѓу најдобрите стрелци.

Ристовска ја тресеше мрежата на Кубан седум пати, исто толку гола даде и Ана Грос, додека Драгана Цвијиќ беше прецизна пет пати.

ЦСКА Москва следниот натпревар ќе го игра на домашен терен на 12 јануари против Астраханочка.