Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва остварија убедлива победа против тимот на Ставропол со 41:24 во натпревар од рускиот шампионат.
Избраничките на Олга Акопјан до убедливата победа дојдоа со одличната игра во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше 20:16 за московската екипа.
Ракометарката од Македонија покажа дека е во одлична форма пред стартот на Европското првенство во ноември и беше една од најдобрите играчи на теренот.
Ристовска беше втор стрелец во убедливата победа над Ставропол и постигна осум погодоци од десет обиди, иако одигра само едно полувреме, додека Анастасија Кулак со десет погодоци ја предводеше листата на стрелци во ЦСКА Москва.