Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која настапува за ЦСКА Москва влезе во историјата на московската екипа.
Македонката во текот на 2020 година од Крим Мекатор се пресели во редовите на ЦСКА Москва и веднаш се наметна како еден од клучните играчи во рускиот суперлигаш.
Ристовска моментално е трет стрелец во историјата на ЦСКА Москва, има постигнато 395 погодоци на 129 одиграни натпревар.
Лидер на стрелците е Антонина Скоробогатченко со 417 погодоци. Два гола помалку од Скоробогатченко ( 415) има Екатерина Илина
Според статистиката, десното крило од Македонија има одиграно најмногу натпревари во историјата на ЦСКА Москва, вкупно 129.
На втората позиција се наоѓа Екатерина Илина. Руската репрезентативка има одиграно седум натпревару помалку од Ристовска, односно 122, додека на третото место е Антонина Скоробогатченко со 113 одиграни натпревари.