Тимот на ЦСКА Моксва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нова победа во шампионатот на Русија.
ЦСКА Москва славеше над амбициозната Астраханочка со убедливи 35:18. Победникот на овој натпревар беше решен уште по првото полувреме, кое заврши со резултат 16:8 за домашниот тим.
Ристовска во дуелот со тимот од Астрахан имаше 100% реализација, три гола од исто толку обиди, а на теренот мина 33 минути.
ЦСКА Москва убедливо е на првото место на табелата со 46 бода од 23 меча, додека на второто место се наоѓа Ростов Дон со 38 бода.
Следен предизвик за Ристовска и колешките ќе биде дуелот против некогашниот руски шампион Динамо Синара.