Тимот на ЦСКА Моксва го победи вторпат сезонава најголемиот ривал во рускиот шампионат Ростов Дон, овојпат на гостински терен со 30-26.
Сара Ристовска го одигра само второто полувреме на тешкото гостување и успеа да постигне три гола од три обиди.
ЦСКА Москва сега има 34 бода, односно 17 победи на 17 натпревари, додека Ростов Дон е втор со 28 бодови.
Ристовска и нејзиниот тим до крајот на годинава ја очекуваат уште три гостувања – кај Ставропол, Кубан Краснодар и Агу Адиф.