Ристевски за 24Ракомет ТВ: Нашата цел е пласман во ТОП 8, ќе се обидеме да ја оствариме (ВИДЕО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше против Црна Гора со 29-20 и дојде на чекор до пласман во главната рунда на Светското првенство во Хрватска. Кружниот напаѓач Самоил Ристевски во дуелот со Црногорците имаше три реализации. Членот на Еурофарм Пелистер 2 ги сподели своите очекувања за денешниот дуел со Грузија и истакна дека целта на Македонија е пласман меѓу најдобрите осум кадетски репрезентации на светот. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...