Репрезентативката на Македонија и членка на Феникс, Емилијана Ризоска, сезоната во Женската лига ја заврши како најдобар стрелец. Битолчанката вкупно постигна 255 погодоци, од кои 153 беа постигнати во регуларниот дел од сезоната и 102 во натпреварите од плеј-аут фазата. На последниот натпревар од сезоната против Кузман Вардар, македонската репрезентативка постигна 23 погодоци.
На Ризоска единствена конкуренција и беше ракометарката на Астибо, Марија Анчева, која со 229 погодоци се најде на второто место на листата на стрелци. Ракометарката на Астибо постигна 95 погодоци во почетната фаза од првенството, додека во натпреварите од плеј-аут фазата постигна повеќе погодоци, односно 134.
Десниот бек на Спартак, Ангела Гроздановска имаше одлична сезона и нејзините солидни партии беа причина да потпише едногодишен договор со екипата на Вардар. Гроздановска е трета на листата на стрелци со 204 погодоци.
Место во најдобрите десет стрелци обезбедија и Магдалена Делиоска, Ангела Јанкуловска, Драгица Митрова, Елена Вучевска, Јована Кипријановска, Анастасија Ѓорѓиева и Ивона Трпевска.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ЖЕНСКА ЛИГА, ТОП 10
- Емилијана Ризоска (Феникс) 255
- Марија Анчева (Астибо) 229
- Ангела Гроздановска (Спартак) 204
- Магдалена Делиоска (Стружанка) 197
- Марија Јанкуловска (Пелистер) 195
- Драгица Митрова (Гевгелија) 190
- Елена Вучевска (Овче Поле СУ) 152
- Јована Кипријановска (Куманово) 142
- Анастасија Ѓорѓиева (Кузман Вардар) 137
- Ивона Трпевска (Вардар) 135