Ризоска броеше до 15, Феникс го надигра Спартак

Ракометарките на Феникс АМС на свој терен ја надиграа екипата на Спартак и обезбедија убедлива победа со 32:29, во натпревар од 4. коло од плеј-аут фазата во Женската лига.

Во првото полувреме до 15 минута се играше израмнето. Двете екипи се менуваа во водство, а резултатот најчесто беше нерешен. Домашната екипа на Феникс, која на овој натпревар настапи со само десет ракометарки, воопшто немаше проблем да му парира на гостинскиот тим од Скопје.

По нерешениот резултат од 8:8, следуваа два гола во низа на домаќинките за водство од 10:8. До крајoт на првото полувреме екипата на Феникс имаше целосна контрола на теренот. Спартак го изгуби ритамот во желбата да дојде до камбек, додека избраничките на Николче Костовски одиграа во најдобро издание во завршниот дел и на пауза заминаа со плус шест позитива, 16:10.

Во второто полувреме водството на домашната екипа беше зголемено на 17:10. Екипата на Спартак најчесто преку Гроздановска се обидуваше да фати приклучок, но не можеше целосно да ја преполови негативната разлика. Во 40. минута резултатот беше 23:15 за Феникс. Ракометарката на Феникс, Сандра Корлевска, на десет минути пред крајот доби црвен картон поради трите исклучувања.

По неколку минути, односно во 54. минута црвен картон, исто така заработи уште една ракометарка поради три исклучувања. Тоа беше Ива Кимовска од редовите на гостинскиот состав. Домаќинките рутински ги одработија последните минути од натпреварот и заслужено стигнаа до втората победа во плеј-аут фазата.

Најефикасна во победничката екипа беше репрезентативката на Македонија, Емилијана Ризоска со 15 постигнати погодоци. Ист број на погодоци постигна и Ангела Гроздановска во поразениот табор.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2ГЕВГЕЛИЈА1050515
3СПАРТАК92167