Тимот на Нант, иако првенството го заврши на третото место, а беше долго време во игра за првите две, сепак сезоната ја комплетираше со трофеј.
Нант славеше во финалето на Купот на Франција против составот на Монпелје со 39-33, oткако и по првиот дел водеше со 21-17.
На стартот на вториот дел Нант се одлепи на плус шест, но Монпелје набрзина успеа да намали на 25-24 и да ја врати за момент неизвесноста.
Сепак момците на Патрис Канаје немаа сили во финишот за нешто повеќе и комплетен пресврт, па Нант рутински го доврши натпреварот.
Валеро Ривера беше најдобар стрелец кај Нант со 11 постигнати погодоци, додека Жулиен Бос погоди девет пати за Монпелје.