Левиот бек на црногорската репрезентација Милош Божовиќ, по помалку од една сезона во Загреб, го раскина договорот со хрватскиот првак.
Намалените амбиции по лошите резултати во Лигата на шампионите, беа причина за Загреб да го намали буџетот за 40%, а први на удар беа странците.
Божовиќ две недели беше во потрага по нов клуб, се споменуваше понуда и од Македонија, но на крајот реши да се врати во унгарската Татабања.
Црногорецот таму мина три сезони пред да се реши да премине во Загреб. Унгарскиот тим е ривал на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на Европа.