Селекцијата на Украина, која ќе биде ривал на женската репрезентација на Македонија во баражот за СП, ќе има силни котролни натпревари во рамките на ЕХФ неделата во март.
Украинките, кои се предводени од селекторот Виталиј Андронов, ќе играат два меча со Романија на 3 и 4 март во Бистрица.
Лидерот на Украина, средниот бек Ирина Глибко е меѓу најдобрите играчи оваа сезона во Лигата на Европа и прикажува одлични партии во дресот на романската Валчеа.
Андронов ќе ги собере неговите ракометарки на 27 февруари во Ужгород, каде ќе се тренира пред заминувањето за Бистрица.
Македонија исто така ќе има два теста во рамките на ЕХФ неделата, против селекцијата на Турција на 2 и 4 март.
Првиот натпревар од баражот за Мундијалот 2023 во Данска, Шведска и Норвешка, го играме на 8 април во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот ќе се игра во Кишварда со почеток во 17:00 часот на 11 април.