Големиот проект на Алборг стартуваше победнички на данско тло и покажа дека во новата сезона ќе биде конкурентен тим и на европска сцена. Во финалето од Супер купот од Данска, Алборг славеше убедлива победа против Морс со осум гола разлика, 33:25.
Во ниту еден момент водството на Алборг не беше доведено во прашање. Првото полувреме заврши со гол предност за Алборг, 15:14. Во второто полувреме, Морс немаше доволно енергија за надигрување против поквалитетниот противник.
Најефикасен на натпреварот беше ракометарот од редовите на Морс, Бјарке Кристиансен со десет погодоци.
Од новите засилување во Алборг само тројца ракометари се запишаа во листата на стрелци. Мартин Ларсен беше стрелец на два гола, а по еден постигнаа Арон Палмарсон и Кристијан Бјорнсен.
Освоената титула во Супер купот за екипата на Алборг е четврта во својата клупска историја. Алборг беше победник во Супер купот во 2020, 2019 и 2012 година, додека во 2013 и 2014 го освои сребрениот медал во ова натпреварување.
Данскиот тим е во иста група со Вардар во Лигата на шампионите и пред настапот на Супер Глоуб ќе гостува во Скопје на 29 септември.