Белорускиот првак Мешков Брест стартуваше со подготовките за новата сезона во која освен на домашно тло, ќе игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.
Со нов тренер, Дани Гардо, белорускиот првак и со двајцата новаци – Батист Бонфон и Станислав Кашпарек, тргна во акција.
Ќе игра две пријателски средби со ЦСКА Москва на 7 и 8 август, па од 13 до 15 август на турнир со Мотор, Чеховски Медведи и Азоти Пулави, пред четвртфиналето од СЕХА со Еурофарм Пелистер.
Белорускиот тим остана без Марко Паниќ, Александар Шкуринскиј, Сандро Обрановиќ и Симон Разгор, како и без тренерот Раул Алонсо, па на хартија делува послаб од лани.
Мешков е противник на Еурофарм Пелистер во четвртфиналето од СЕХА лигата, додека ќе му биде ривал на Вардар во групата од Лигата на шампионите.