Ривалот на Бутел Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, унгарскиот Ѓенѓеш, продолжува со одигрување на пријателски натпревари пред европските настапи.
По едно реми со Будакалаш, и две победи над Хатван и Цегледи, Ѓенѓеш загуби на гости кај составот на Балатонфуреди со 29-22.
Ѓенѓеш беше во голема негатива на полувремето, 17-9, а во вториот дел немаше сила за пресврт.
Најдобри стрелци кај Ѓенѓеш беа десниот бек Митар Маркез со седум голови и Мирко Херцег со четири голови, па тренерот Кристијан Грчевски веќе знае од каде доаѓа најголемата опасност по голот на Бутел.