Противникот на Бутел Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, унгарски Ѓенѓеш, веќе е во вториот дел од подготовките.
Избраниците на тренерот Чаба Конколи одиграа три пријателски натпревари и забележаа две победи и едно реми.
Прв ривал беше тимот на Хатван, кој беше совладан со 42-19, додека вториот триумф Ѓенѓеш го забележа против Цегледи со 28-24.
На последната средба, ривалот на Бутел одиграа реми против составот на Будакалаш, 24-24, иако Ѓенѓеш водеше на полувреме со 13-10.
Двете средби меѓу Бутел Скопје и Ѓенѓеш ќе се играат на 29/30 август и 5/6 септември.