Струмица и салата „Парк“ ќе бидат домаќини на шестото издание на Супер Купот, а за трофејот ќе се борат Вардар и Еурофарм Пелистер.
Претседателот на шампионот, Зоран Стерјев и извршниот директор на освојувачот на Купот, Борко Ристовски, пред наптреварот упатија порака дека за разлика од претходната сезона овојпат треба да победи фер-плејот.
По заедничкиот ручек на двете екипи, Стерјев и Ристовски посакаа спортско надигрување на теренот и порачаа дека посакуваат да победат фер-плејот и спортот.
Двата клуба заеднички го поддржуваат спортското ривалство и се надеваат дека натпреварот во „Парк“ на кој е најавено присуство на двете навивачки групи – „Чкембари“ и „Комити“, ќе помине во најдобар ред.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра вечерва со почеток во 18:00 часот.