Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Жорди Рибера го објави списокот на ракометари на кои ќе смета претстојните дуели со Хрватска во рамки на Евро купот, кој засега сè уште не е конечен за Светското првенство.
Натпреварите се играат на 5 јануари во Хрватска, а потоа на 9 јануари во Мадрид. После натпреварот на домашен терен Рибера ќе го соопшти списокот на ракометари кои ќе ги поведе во Египет. Иако не е официјално, најверојатно е дека на овие 17 играчи ќе смета и на Мундијалот.
Најголемиот дел од играчите, односно сите освен еден се истите кои го освоија златниот медал на Европското првенство во јануари. Според тоа се очекува и овој избор од 17 ракометари да биде и конечен за претстојното првенство.
Единствена новина во составот на Шпанија е пикерот на Адемар Леон, Рубен Марчан кој го зазема местото на Хулен Агинагалде. Марчан веќе дебитираше во репрезентацијата на Шпанија минатиот октомври. Поради коронавирусот бројот на ракометари кои може да патуваат на Мундијалот од една репреентација е зголемен на 20.
Собирот на репрезентативците е закажан за 2 јануари во Гвадалахара, а се очекува да се појават:
Голмани: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (Веспрем)
Средни бекови: Раул Ентрериос (Барселона), Даниел Сармиенто (Сен Рафаел)
Леви бекови: Јосу Гони (Шамбери), Жоан Кањелас (ПИК Сегед), Даниел Душебаев (Келце)
Десни крила: Феран Соле (ПСЖ), Алекс Гомез (Барселона)
Десни бекови: Алекс Душебаев (Келце), Хорхе Македа (Веспрем)
Леви крила: Анхел Фернандез (Келце) , Аитор Арињо (Барселона)
Пикери: Адриа Фигуерас (Нант), Рубен Марчан (Адемар Леон)
Дефанзивци: Виран Морос (ПСЖ), Гедеон Гвардиола (Лемго)