„Рибарите“ се шегуваат: Кире Лазаров се сели на Исланд

Денес 1-ви април денот на шегата, па така од Исланд се пошегуваа на сметка на македонскиот селектор и капитен Кирил Лазаров.

На фејсбук страната на клубот кој од клупата го предводи македонскиот стратег Стевче Алушовски, Тор Акурејри беше објавено дека го доведуваат Лазаров како ново засилување.

„Тренерот Стевче Алушовски и Кирил Лазаров постигнаа договор и многу сме возбудени што добиваме големо засилување. Кире ќе донесе голем напредок во нашата игра, со години е еден од најдобрите ракометари во светот. Потпретседателот Кристијан Гилфасон откри дека имало можност тој да пристигне уште во јануари, но тогаш не дошло договор поради обврските на Лазаров кон репрезентацијата. Сега со голема радост можеме да објавиме дека има договор“, стои во објавата.

На крајот од објавата тие дури и најавуваат дека во наредните неколку дена ќе објават интрвју со Лазаров.