Оваа недела во словенечкиот град Марибор се одвива Европскиот младински олимписки фестивал, на кој и ракометот си го има своето место.
На машкиот турнир, на кој настапуваат играчи до 17 години (помлади кадети), се одигра фантастичен полуфинален натпревар меѓу домаќинот Словенија и Хрватска, кој заврши со резултат, 50-49!
По првиот водеа младите Хрвати со 17-15, но Словенците се вратија во игра до крајот на регуларниот дел, кој заврши 34-34.
Се играше два пати по пет минути. Во првото продолжение беше 37-37, додека по второто одново беше нерешено, 41-41, па победникот мораше да се решава на со удари од седум метри.
Таму по првите пет серии исто така немаше победник, 46-46, се додека Хрватите не погрешија во деветтата серија. Словенците го погодија тој пенал и прославија голема победа.
Ривал во битката за златниот медал на Словенија ќе биде Германија, додека во битката за бронза ќе се сретнат Хрватска и Унгарија. На женскиот турнир за злато ќе се борат Романија и Франција, а за бронза Холандија и Полска.