Младиот репрезентативец на БиХ, Милан Вукшиќ, кој моментално настапува за Извиѓач Љубушки, во натпревар од 19. коло во Супер лигата на БиХ постигна гол кој е навистина реткост на ракометните терени во светот.
Ракометарот на Извиѓач, исто така имаше неколку атрактивни асистенции на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а европската ракометна јавност ја воодушеви со својата асистенција кон Владимир Врањеш на натпреварот против Чешка.
Ремек делото на Вукшиќ против Градачац може да го погледнете на видеото во продолжение…