Репрезетативец на Белорусија го замени Чурго со ЦСКА Москва

Десниот бек на репрезентацијата на Белорусија, Олег Астрашапкин е ново засилување за тимот на ЦСКА Москва за следната сезона во која ќе се бара висок пласман во првенството на Русија.

Астрашапкин ќе го напушти својот досегашен тим од Унгарија. Тој настапуваше во Чурго, а и клубот веќе го потврди овој трансфер така што сосема извесно е дека најдобриот стрелец на овој тим се сели во Русија.

Се работи за играч кој располага со добар шут. Покрај тоа што сезонава беше најефикасен во редовите на Чурго, тој е меѓу поефикасните и кај Белорусите.

Инаку, на 87 средби колку што одигра за Чурго постигна 370 погодоци.