Ракометарите кои се дел од машката сениорска репрезентација на Македонија пристигнаа во Египет и веќе се сместени во хотелот каде што ќе ја минат првата ноќ до дознавањето на резултатите од ПЦР тестовите.
На првите брзи тестови направени во автобусот веднаш после симнувањето од авионот сите членови на експедицијата од Македонија се негативни што е секако одлично и ќе може без проблеми да се стартува Мундијалот.
Иако првите резултати се негативни, сепак, ракометарите мора да бидат во карантин до утре наутро. Во 10 часот е закажан тренингот така што тогаш ќе можат да ги напуштат хотелските соби.
Се очекува да нема никакви дополните проблеми и да може нормално да се работи во текот на утрешниот ден и да се дочека првиот дуел на шампионатот против селекцијата на Шведска.
Веќе е познато дека првиот натпревар се игра утревечер од 20:30 часот, па Македонија ја очекува голем предизвик на стартот на 27. Светско првенство.