Репрезентацијата на собир по Нова Година

Иако беше најавено дека машката репрезентација ќе има собир на 24 декември, сепак тоа нема да биде случај и најверојатно тој ќе се случи по Нова Година.

Густиот распоред во Суперлигата и настапите на дел од екипите до 27 декември, плус откажаните тестови со Египет, се причината што селекторот Данило Брестовац веројатно ќе закаже собир во првите денови од 2021 година, но терминот се уште не е потврден.

На собир тогаш ќе може да бидат и интернационалците. Дел од нив веќе завршија претходните два дена со обврски, а дел ќе завршат за време на викендот.

Јужноамериканскиот претставник на СП, Чиле, доаѓа во Македонија на 28 декември и останува комбинацијата да бидат договорени пријателски натпревари со оваа репрезентација.

Нашата селекција е прва резерва за настап на Мундијалот што треба да почне на 13 јануари, а дали избраниците на Брестовац ќе патуваат во Египет, веројатно ќе се знае најдоцна за седум дена.